Во Солунскиот универзитет „Аристотел”, полицијата употребила гранати и физичка сила против студентите, а меѓу повредените еден студент се бори за живот.
Грчката влада пробува да ги замолчи движењата на студентите преку поставување на нова полициска единица во склоп на универзитетите. Целта на овој потег е да се сопрат протестите и останатите студентски левичарски движења. Владата сака универзитети без студенти кои се борат, бидејќи на таков начин е полесно универзитетите да се претворат во капиталистички бизнис центри. Студентското движење во Грција се бори за јавно образование и против приватизација на образовните установи.
Студентите низ цела Грција се кренаа на протести поради овие настани а ние целосно ги поддржуваме во нивната борба за повлекување на Законот за високо образование.
Полицијата и бизнисот надвор од универзитетските кампуси!