Манифест на Комунистичката партија (германски: Manifest der Kommunistischen Partei), е памфлет од 1848 година на германските филозофи Карл Маркс и Фридрих Енгелс. Манифестот подоцна беше препознаен како еден од највлијателните политички документи во светот. Во него содржи аналитички пристап кон класната борба и конфликтите на капитализмот и капиталистичкиот начин на производство, Комунистичкиот манифест ги сумира теориите на Маркс и Енгелс во врска со природата на општеството и политиката, имено дека „Историјата на целото досегашно општество е историја на класни борби“. Исто така, ги прикажува нивните идеи за тоа како капиталистичкото општество ќе биде заменето со бескласно општество, во кое слободниот развој на поединецот ќе биде услов за слободен развој на сите.