Денес во Анкара започна 36-тиот самит на злосторничкиот воен сојуз НАТО.
Државите членки, една по друга подлегнуваат под притисокот на Трамп да издвојуваат 5% од своите буџети за војни.
Затоа пораката на работниците во Македонија ја упативме пред експозитурата на империјата – Амбасадата на САД.
НЕМА ДА ПЛАЌАМЕ ЗА ВАШИТЕ ВОЈНИ!
За да се спречи било каков чин на отпор и протест за време на самитот во Анкара, стотици новинари, синдикалци и политички активисти беа приведени превентивно, од кои некои завршија во затвор, а некои во куќен притвор. Со цел да се добие впечаток дека турскиот народ го одобрува членувањето на Турција во НАТО, веќе 13-ти ден во Анкара забранети се било какви собири, протести, прес-конференции, делење на флаери, лепење на постери и штрајкови со глад – во јавност или во домашни услови.
Денес, нашите мисли се во Анкара со нашите соборци, кои и покрај бројните забрани и 70 илјадната полиција и војска на улиците – храбро излегоа да кажат НЕ на империјалистичките војни и да побараат излез од НАТО! Истото го сторија илјадници луѓе низ другите градови на Турција.
Тортурата вршена од страна на полицијата врз сопствениот народ за капиталистичките и империјалистички интереси кои ги штити НАТО, постојано го потврдува фактот дека суверенитетот и независноста на државите е онолку лабава колку што дозволува империјалниот господар.
Нашето минато е антифашистичко, тоа не’ обврзува да не’ молчиме пред новиот грабеж и новите злосторства ширум светот.
ОД НАТО Е ДОСТА!
29



