Можеме и мораме заеднички да се спротиставиме на империјалистичките интервенции, на национализмот кој ни го сервира владеачката класа, на капиталистичката прекумерна експлоатација. Преку нашиот заеднички блок, испративме силна порака за интернационализмот, за револуционерниот отпор и заедничките борби на народите на Балканот.
Членови на Социјалистичка зора рамо до рамо со своите соборци скандираа заеднички пароли на грчки и македонски јазик. ГРЦИЈА, ТУРЦИЈА, АЛБАНИЈА, МАКЕДОНИЈА… НЕПРИЈАТЕЛОТ Е ВО БАНКИТЕ И МИНИСТЕРСТВАТА!
На првомајските демонстрации фокус ставивме и на геноцидот кој се случува во Палестина. Додека владите во светот се сојузници на Израел – народите во светот се на страната на палестинскиот народ. Борбата на обесправените народи е и наша борба!
За време на демонстрациите говор одржа нашиот член Зоран Василески пред споменикот посветен на крвавиот штрајк на тутунските работници од 1936 година. Од Солун, светилникот на социјалистичките идеи од почетокот на минатиот век, упативме пораки за иднината, за нескршливото братство и единство помеѓу грчките и македонските комунисти!
























