На денешен ден во 1919 година, се убиени Роза Луксембург и Карл Либнехт.
Роза Луксембург на почетокот на Првата светска војна истапува од Социјалдемократската партија на Германија, бидејќи не го поддржува ставот на истата за учество во војната. Откако СДП ја поддржала војната во 1914 година, Роза Луксембург заедно со Карл Либкнехт, Клара Цеткин и Франц Мехринг основала интернационална, револуцонерна фракција што жестоко ја отфрлала поддршката за Империјалистичката војна на СДП и се обидела да го предводи германскиот пролетаријат во општ штрајк против војната.
Често пати е затворана поради нејзините револуционерни активности, но и од затвор продолжила да пишува памфлети против војната. Во ноември 1918 година, по излегувањето од затвор, веднаш ја формира Комунистичката партија на Германија, заедно со Карл Либнехт и Вилхекм Пик. Во јануари 1919 година, соработувала во обидот за востание против владата, но Социјалдемократите успеале да го задушат, така само две недели после формирањето на Комунистичката партија на Греманија, на 15 јануари 1919 Луксембург заедно со Карл Либкнехт и Вилхелм Пик, предводници на Германската комунистичка партија, беа уапсени и испитувани. Пик успеал да побегне, додека онесвестените тела на Луксембург и Либкнехт биле нечујно однесени и потоа стрелани и фрлени во канал.
Како и многу други револуционери, Роза и Карл животите ги загубија во борбата за воспоставување на бескласно општество. Но, како што рекол и Че Гевара пред неговото стрелање: „Пукај кукавицо, ќе убиеш само човек“, значи дека нивниот труд и жртва не биле залудни, бидејќи идејата е таа што продолжува да живее и тлее понатаму. Денес светот се наоѓа на преминот меѓу регионалните војни и нова сеопшта светска војна. Видно од историјата, единствено комунистите зазеле исправен став „Против војна меѓу народите – За војна меѓу класите“. Денес, повеќе од неопходно е да се потсетиме на комунистичките идеи кои го обликуваа 20-тиот век и револуцинерите кои ја носеа надежта за воспоставување бескласно општество. Во таа насока направивме аудио верзија на македонски јазик на памфлетот кој го напишала Роза Луксембург веднаш после излегувањето од затвор, а еден месец пред нејзиното ликвидирање, „Поопштествување на општеството“.