Денес дадовме поддршка на протестот на Сојузот на синдикатите на Македонија кој го организираа во одбрана на Работнички дом.
Одлуката на Врховниот суд од јануари годинава за одземање на Работничкиот дом од сопственост на Сојузот на синдикатите на Македонија е отворен напад на капиталистичката држава врз работниците и синдикалното организирање во државата.
ССМ оправдано започнува низа протести кои според очекувањата ќе кулминираат со голем протест за Први Мај.
Го повторуваме нашиот Став по ова сериозно општествено прашање:
„Државата водена од капиталисти, преку својата најефикасна алатка – судството, сериозно ја поткопува положба на синдикалното организирање „гарантирана“ со граѓанскиот устав од 1991 година. Тоа е уште еден показател дека во капиталистичките системи, ако станете закана за постоечкото уредување, веднаш судот е тука да реагира, да одзема имот, и покрај тоа што правото на сопственост е врвот на правдата според волјата на владејачката класа преточена во закон.
Единствен сигурен сојузник се синдикалното членство и работниците.
Сојузот на синдикатите на Македонија треба да ја собере поддршката од синдикатите со кои соработува на регионално, европско и интернационално ниво.. Но конечно, ако сака да го одврати нападот на капиталистичката држава – ќе мора да повика на масовни протести и штрајкови, до ако е потребно – генерален штрајк.
На овој повик позитивно ќе треба да одговорат сите останатите синдикални организации и работници, бидејќи се работи за капиталистичкиот наспроти работничкиот интерес!“