Фото

ГАЛЕРИЈА – Првомајски протест 2023

Излеговме на протест за да го кренеме нашиот глас и да кажеме доста е од експлоатација! Наспроти обидите на Власта за произволно зголемување на седмичното работно време на 60 часа, нашите протестни барања се засновани на материјалните околности и развојот на технологијата.  Затоа излеговме и во името на сите работници побаравме 30 часовно седмично работно време. 

Верувајќи во силата на обединувањето, се приклучивме на протестниот марш на Сојузот на синдикатите на Македонија, како работници, застанавме до работниците. Бессрамниот обид на власта, која во служба на капиталот сака уште повеќе да ги експлотира работниците, не смее да помине. Оттука, веруваме дека синдикатите заедно со социјалистичките организации на работничката класа, во периодот што претстои заедно ќе се борат и ќе се изборат за достоинствен живот на работниците. 

ПРВИ МАЈ ЖИВЕЕ!

Сподели:
Пролетери од сите земји, обединете се! Социјалистичка зора Марксизам • Ленинизам • Интернационализам За власт на работникот, за социјализам! Пролетери од сите земји, обединете се! Социјалистичка зора Марксизам • Ленинизам • Интернационализам За власт на работникот, за социјализам!