Тематска осмомартовска дискусија: ЖЕНСКАТА БОРБА ВОН ГРАНИЦИТЕ НА НЕОЛИБЕРАЛИЗМОТ
„Исто како светот на мажите, и светот на жените е поделен на две групи. Едната група е блиска до буржоазијата, поради својата алчност и опортунизам, а другата до пролетаријатот, која цели кон сеопштото решавање на женското прашање и сеопшта слобода. Иако овие две групи, дејствуваат под паролата „За ослободување на жените“, сепак според целите, очекувањата и методите на борба, се разликуваат. Жената работничка е врзана со илјадници невидливи конци со својот соборец, работникот маж. Додека пак таа не ги разбира целите и потребите на жената буржујка. Жената буржујка, не може да биде утеха за болките на жената работничка, и не може да и ја понуди иднината, која ја посакува цела угнетена класа.“ – Александра Колонтај
Дали е возможно заедничко дејствување на жените во класно поделено општество?
Социјалистичка зора организира тематска осмомартовска дискусија на која ќе се зборува за различните идеолошки предизвици кои се однесуваат на женското прашање, со особено внимание кон марксистичкиот пристап.
Говорници на дискусијата ќе бидат:
– Симона Наумоска, членка на Социјалистичка зора
– Никола Шиндре, поддржувач на Социјален центар „Дуња“, еко квир комунист
– Џејлан Велиу, членка на Социјалистичка зора
– Симона Наумоска, членка на Социјалистичка зора
– Никола Шиндре, поддржувач на Социјален центар „Дуња“, еко квир комунист
– Џејлан Велиу, членка на Социјалистичка зора