Социјалистичка зора одржа тематска осмомартовска дискусија на која се зборуваше за различните идеолошки пристапи кои се однесуваат на угнетувањето на жената и нејзиното целосно ослободување, со посебен осврт на марксистичкиот пристап.

Угнетувањето на жените произлегува од производните односи на класните општества и се појавува главно преку развојот на приватната сопственост и класната експлоатација.
Ако историската и социјалната промена на човештвото се анализира со материјалистички метод, преку анализирање на промената на начините на производство, ќе се разбере дека човечката еманципација може да се постигне само преку воспоставување на бескласно, неексплоататорско комунистичко општество.