Идејата за македонската државност – стремејќи се од објект на светската политика да направи субјект кој суверено ќе одлучува и минува низ еден трнлив пат.

Никулците на оваа идеја лежат длабоко во втората половина на XIX век, кога врз евроспкото тло се кршат и судираат империјалните интереси. Токму поради кршењето на тие интереси во османлиска Македонија ќе се возродат политички и револуционерни организации, меѓу кои и МРО. МРО ќе остави траен печат во историјата на македонската државност како прва организација која ќе работи помеѓу населението поттикнувајќи го да дејствува во насока на „Автономија на Македонија“, притоа активно работејќи и на подобрувањето на социјалните услови за живот. Низ текот на историјата, оваа организација ќе биде челникот на дигањето на Илиденското востание, за подоцна да се распадне на фракции, кои лесно ќе бидат манипулирани од соседните кралски и царски палати, користејќи ги како алатка за свои, но сепак туѓи на македонското население политики.

Целокупната трнлива патека, процесот на зреење на македонската нација, идеите за социјална еднаквост и рамноправност, ултимативно ќе доведат до големиот момент темелот на современата македонска државност, АСНОМ.

Говорници:
Стефан Илиевски, историчар
Руфат Јашари, историчар
Васко Гичевски, историчар

Модератор: Зоран Василески

Почеток 18:00 часот
Датум: 29.10.2022
Организатор: Социјалистичка зора
Место: Социјален центар – Дуња