Владејачката класа во Македонија и Грција кога се во прашање безбедносните и економски прашања, одлично соработува. Грција е во топ 5-те земји со кои Македонија тргувала минатата година, додека во изминатите 25 години грчкиот капитал влезе во речиси секој побитен индустриски и финансиски сектор во државата. Македонија пред 3 години како Северна Македонија стана 30-тата членка на НАТО, на што претходеше референдумска кампања во која зад поддршка ЗА застанаа речиси сите транзициски политичари и финансиски моќници во Македонија.

Грција е членка на Европската Унија 40 години. Македонија не е, но слободно може да се каже дека целосно е инкорпирирана во економскиот систем на унијата. Впрочем, процесот на трансформација, либерализација и синхронизизација со правото на Европската унија и правилата на европскиот пазар, Македонија го заврши уште пред 15-тина години, но поради вето политиката на ЕУ, сеуште е земја кандидат.

Ваквото согледување е битно, затоа што првиот впечаток за работничката класа во двете земји е дека се соочуваат со различни проблеми и предизвици. Напротив, работничката класа во Македонија и Грција би требало да е обединета, затоа што без оглед на степенот на развој на капитализмот во двете земји и без оглед на финансиската спремност да се одговори на финансиската, енергетска и секаква друга криза- обединето треба да се брани од нападите врз работничкиот стандард и работничкото организирање.

Па, кој е нашиот одговор како класно свесни работници и политички активисти против погубните политики на властите? Кој е нашиот пат напред во Грција и Македонија?

На овие теми, Колективот на СЦ Дуња,  утре (среда, 4-ти Јануари со почеток во 19.00 часот) заедно со членови на други социјалистички организации од Грција и Македонија  – организира трибина на која ќе се зборува за состојбата во нашите две земји на планот на работничката борба против континуираните напори на властите и капиталистите од двете земји да ни’ ги намалат или одземат правата, да го одржат или зголемат профитот и да ја одржат стабилноста на капитализмот.

Говорници:
Јоргос Михаилидис, член на интернационалниот комитет на НАР
Зоран Василески, член на марксистичката организација Социјалистичка зора

Модератор:
Никола Крстевски

Борбата на работничката класа е интернационална.