Став на Новото лево движење за комунистичка обнова (ΝΑΡ για την κομμουνιστική λεπιστέρων) за трагедијата кај Пилос:
Стотици бегалци се удавија јужно од Пилос, град во Западна Грција, во раните утрински часови во средата, на 14 јуни. Тоа е уште едно умислено злосторство на Владата и политиката на ЕУ. Станува збор за кривично дело кршење на правото на азил, додека пак на мигрантите и бегалците, на терен се одговара со огради и убиствено одбивање да се дозволи закотвување на бродовите. Тоа е убиствената реалност на Тврдината Европа.Во овој контекст, земјите од ЕУ го земаат предвид правото на азил само доколку некој влезе во земјата. Етикетирањето на бегалците како „илегалци и непријатели кои ја нарушуваат границата“ е злосторство против човештвото и животот.
Земјите од НАТО пактот, САД и ЕУ предизвикуваат и поддржуваат војни и граѓански конфликти, ограбувајќи природни ресурси и предизвикувајќи климатска криза на Блискиот Исток, Африка и на други места. Нивните постапки предизвикуваат масовна сиромаштија и терор, притоа искоренувајќи милиони луѓе. Понатаму, во позадина на целата работа, антибегалската политика на ЕУ ги принудува бегалците да тргнат по опасни патишта, изложувајќи се на поголем степен на злоупотреба од страна на шверцерите на луѓе.
Владата на Нова демократија постепено ја заоструваше убиствената антиимиграциска политика на грчката држава и со тоа стана подеднакво одговорна со структурата на ЕУ за ова ново злосторство. Нетолерантниот однос кон бегалците на границите, одбивањата, затворањето во островските кампови и нивното депортирање е во согласност со расистичката политика и наратив со кој се претставени и во предизборните кампањи за заштита на границите.
Се соочуваме со уште едно злосторство од рацете на „цивилизираниот“ Запад. Ова се додава на сметката за злосторствата на ЕУ кои ги чинеа животите на 2.406 бегалци во Средоземното Море само во 2022 година.
Ние бараме:
• Апсолутна заштита на правото на азил.
• Крај на политиката на затворени граници, огради и одбивање.
• Политички и демократски слободи и права за бегалците од војна и сиромаштија.
• Отворени граници, домување, вработување, здравствена заштита, образование, дозволи за престој и слобода на движење за бегалците и мигрантите.
Грци и работници-мигранти – обединете се!