Владејачката класа во Македонија и Грција кога се во прашање безбедносните и економски прашања, одлично соработува. Од друга страна, работниците во двете земји, разединети се по секакви основи. Тоа што владејачката класа е обединета околу своите интереси, создава одговорност за класно свесните работници и социјалистите.да работат на интензивирање, не само на регионалната соработка, туку и на градењето иден обединет фронт против антиработничките политики на владите.

Во оваа насока, како еден од првите чекори, особено не радува настанот одржан во Социјалниот центар Дуња, посетата на голем број другари од NAR – Грција, разменетите мислења и искуства, но и меѓусебеното запознавање на присутните со информации кои доаѓаат директно од терен, од работничките организации и студентите.

Нашиот член Зоран Василески беше еден од говорниците на темата „Патот напред во Грција и Македонија“, и даде осврт на финансиските и политички кризи во периодот на т.н транзиција и како тие влијаеа врз работничкото организирање, за подемот на национализмот и милитаризмот на Балканот, за ударите врз синдикалното и политичкото организирање во Македонија, за односот на државата кон колективното договарање и синдикалната борба.