По конституирањето на револуционерната власт на Куба, Фидел Кастро експресионирал одредени параноични знаци на недоверба, ги преиспитувал одлуките и предлозите на своите најблиски соработници, па дури и оние на Ернесто Гевара, како резултат на стравување од надворешна интервенција која би ги загрозила придобивките од револуцијата, без разлика дали била економска, индустриска, освен нели постоечката опасност од воена агресија.
Имено, Кастро сметал дека револуционерното раководство требало да се фокусира на интерните проблеми, особено оние произлезени од економско-политичкиот инженеринг на Гевара, додека Че, паралелно потенцирал на тоа дека Кастро не смее да ја потценува историската ролја и одговорност на Куба да служи како примарен катализатор и асистент на герилските револуционерни движења низ Латинска Америка и Африка.
Че Гевара важи за еден од најважните архитекти на кубанската економија но за волја на објективната вистина, од денешен аспект, дури и доколку неговите планови за индустријализација биле визионерски сепак не соодвествувале со тогашните околности и превирања во социјалистичкиот свет, имајќи ја во предвид гео-положбата на Куба, истите биле тешко апликативни. До пролетта 1961, Гевара спровел рапидна национализација и централизација, веќе кон 1964 функционерскиот статус на Че бил дискутабилен, одредени опоненти при Националната Банка и други економски сектори, изразувале дисатисфакција од политиките на Гевара, но сепак ескивирале отворено и директно да му го адресираат истото. Но, при ануален говор по повод „26-ти Јули“, истата ’64-та, Кастро драматично става акцент на потребата од локална автономија, дистанцирајќи се сосем од гледиштата на Гевара.
Дипломатските настапи на Че Гевара биле директни и брутално искрени, без разлика дали биле во форма на интервјуа или неформални конверзации. Отворено атакувал на политиките на советското раководство, го критикувал кинеско-советскиот раскол, скептичен бил во однос на економските инструменти предложени на Куба за надминување на кризата, а при посета на Египет, во сегмент на интервју за Ал Талијах не ги поштедил ниту економските реформни политики на Југославија.
Дистанцирањето на револуционерното раководство на Куба од неговите аспекти, убедувања и идеи, го доведува Че Гевара до одлука да изврши ресигнација (во форма на писмо кое подоцна на 03.10.’65 Фидел јавно ќе го адресира до народот) од сите должности од бирократска природа кои всушност и не ги фаворизирал како што впрочем го исполнувале фокализмот/вангардизмот, така што се посветува на герилското војување се до својата смрт. Кина ја користи оваа прилика да ја класифицира Куба како „ревизионистички режим“ кој го отфрлил својот либератор а акцептира совети од СССР во однос на домашните и надворешните политики, карактеризирајќи ја револуцијата како „обезличена“.
Пролетта 1964, Гевара со дванаестмина доброволци започнува кампања во Конго, со цел да му асистираат на марксистичкото движење СИМБА при обука на вооружените човечки ресурси, подоцна пристигнува кубански контингент со уште стотина претежно Афро-Кубанци, но се соочуваат со теориски неписмени, недисциплинирани војници, повеќето се инфицираат од дизентерија, Че добива акутни асматични напади, принудени се да се повлечат кон доцната 1965, неуспех за кој имено бил предупреден и од самиот Насер.
Есентта 1966 – Гевара организира и води герилско движење во Боливија.
Според некои извори, Че веќе во 1959 имал планови за напад врз неколку влади на Карибите но било неизводливо, па најверојатно ја избира Боливија како револуционерна база – земја лоцирана подалеку од карипскиот базен како непосреден интерес или закана по безбедноста на САД, но истовремено Боливија граничи со пет други држави преку кои лесно би се прелеала револуцијата низ Латинска Америка доколку герилата дејствува сукцесивно.
Јуни 1967 – Советите го обвинуваат Кастро „за наштетување на комунистичката кауза преку спонзорирање на герилска војна“ на што Фидел реплицирал со контраобвинение дека „СССР ја напушта својата револуционерна традиција и дека напротив ќе му помогне на секој латино-американец при борбата за ослободување на неговата земја без разлика дали тоа одело во прилог на советските интереси или не!“
Есентта 1967 боливиските владини сили во соработка со инфилтрираните ренџери на ЦИА го разбиваат герилското движење координирано од Че Гевара, но не како резултат на нивната висока компетенција туку како резултат на низа слаби точки во организацијата и дефицитот на поддршка од локалното население како и локалната комунистичка партија.
Домородната суеверна популација во прашумите не ги пречекува марксистичките идеи со раширени раце, додека КП Боливија била релативно нова, без искуство и стабилно лидерство, со интерни поделби на троцкистички и маоистички фракции, поблагонаклонета кон инструкции од Москва, отколку од Хавана, така што комбинирано условиле неуспех.
На 08.10.1967, извесна селанка со која најверојатно герилците се разминале претходно, ги алармира владините сили дека наводно слушнала гласови по течението на реката Сан Антонио. Утредента во месноста Yuro , групата на Че Гевара е лоцирана околу 12ч, а веќе околу 13:30 започнува финалното огнено вкрстување на Че, два часа подоцна бил заробен, ранет при борба.
На 09.10.1967 Че Гевара го пали своето последно цигарило и заминува во вечноста!
ЦИА стрелаше човек и го мутулираше неговото тело, го ограби неговиот часовник, но бесполезно, идеите живеат и денес! ЧЕ Е ЖИВ! ЧЕ ЌЕ ЖИВЕЕ!
Руфат Јашари, член на Социјалистичка зора.