Предлог-законот за основање приватни универзитети е изгласан со 159 гласа од пратениците на Нова демократија и еден пратеник од неонацистичката партија „Спартанци“. Против гласале 129 пратеници, а 11 биле „отсутни“. Единствениот социјален и политички сојуз на власта се неонацистите, што укажува на реакционерната природа не само на новиот закон, туку и на севкупната политика поддржана од капиталот и ЕУ во Грција.
Милитантното студентско движење и покрај тоа што законот за приватни универзитети беше донесен во парламентот, го фрли во ѓубре. Пулсирачка младешка река од околу 30.000 луѓе го поплави центарот на Атина, за време на гласањето во Парламентот. На протестот учествуваа околу 200 студентски организации од цела Грција, покажувајќи дека два месеци по почетокот на студентската мобилизација, пулсот на борбата се уште силно бие.
И покрај напорите на полицијата да ги разбие демонстрациите, напаѓајќи ги демонстрантите на плоштадот Синтагма со солзавец и палки, сепак не успеаја во нивната намера. Студентите успеаја да се соберат пред Парламентот.. Потоа се одржа Генерално собрание. Истата вечер се случи уште едно масовно демонстративно спојување на студентското и феминистичкото движење.
Илјадници студенти дојдоа во Атина од универзитетите ширум земјата. Ако владата на Нова демократија успеала во нешто, тоа е да го заживее студентското движење и да создаде пошироко јавно „Не“ за приватните универзитети и пазарното образование.
На прв поглед изгледа дека „битката“ за усвојување на законот е изгубена, но, „војната“ не е завршена, а „победата“ на владата претставува само пирова победа. Оттука, движењето за универзитетско образование првично успеа да ја изолира Нова демократија и да го разбие буржоаскиот политички камп, како и да ја победи основната аргументација на владата. Иако, од гледна точка на антикапиталистичката левица, не постои илузија дека горенаведеното би било доволно за промена на негативната состојба на работите, политичкиот притисок што го врши движењето и пукнатините што ги создаде во буржоаскиот блок се квалитативни елементи кои не треба да се потценуваат. Особено додека „раздорот“ во образовниот сектор останува отворен.
Предлог-законот можеби помина во Парламентот, но се чини дека не им „мина“ во општеството. „Ударот“ предизвикан од борбата на студентите го ослабува – макар и делумно – хроничниот напор за поткопување на јавното образование во корист на приватното. Активната мобилизација и учество на општествените групи надвор од универзитетот можеше да биде поголема (ако слична цел беше поставена од сите сили на левицата), но сепак, беше формиран голем блок на општествени сили, блок кој се противи на приватизацијата на образованието и социјалните добра. Овој блок може да даде одлучувачки придонес во следната фаза од борбата.
Горенаведеното не е наменето за „поразот“ да се именува како „победа“. Можното разочарување што демонстрантите – од кои многумина учествуваа на нивниот прв голем круг на мобилизација – може да го почувствуваат при усвојувањето на законот е природно и последователно. Меѓутоа, дали општественото движење „победува“ или не, не се оценува на првото „коцкање“ ниту се одредува единствено од она што се случува внатре во парламентот, особено кога тоа се спроведува во такви политички неповолни услови. Борбите секогаш оставаат наследства кои свесно или несвесно се втиснати на колективното наследство.
На крајот на краиштата, ниту една борба и ниту едно движење не се карактеризирало со исклучиво нагорна траекторија, ниту пак постигнало само победи. Величествените мобилизации не се „очајнички обид“ да се поништи законот без длабочина и континуитет, туку почеток на уште посеопфатна борба во одбрана на јавното образование и спротивставување на секој обид за приватизација/комерцијализација и раскинување со политиките на владата и капиталот.
Владата и медиумите ги сметаа младите за „отпишана генерација“, „откачена“ на TikTok и Instagram, неспособна да се занимава со пошироки социјални прашања. Сепак се покажа спротивно: младите имаат социјален критериум и совест, тие не се спремни пасивно да го прифатат девалвирањето на својата иднина, нивните работни изгледи. Меѓутоа, не беше „потресена“ само едната страна на буржоаските сили. Изненадени беа и некои организации во студентското движење.
Во првата фаза, важна улога одигра тоа што политиката на буржоаските сили беше поразена во рамките на универзитетските собранија. Студентите беа убедени во она што навистина се загрозува со основањето на приватните универзитети. Истовремено, доследно се бараше врската меѓу студентската борба и борбата на земјоделците и работниците.
На политичко ниво, одлучувачки елемент беше тоа што приватизацијата на општествените добра беше истакната како глобално прашање кое не е ограничено само на образованието, туку и на други области како што се транспортот и здравството. Неопходна цел е подлабока политизација на младинските движења.
Животите на младите луѓе се променија од корен, при што сиромаштијата ги принуди мнозинството на флексибилна несигурна работа за да преживеат. Потребен ни е повисок политички фокус кој може да ги убеди младите дека работите можат и навистина ќе се променат преку победите денес кои ќе обезбедат подобар животен стандард. Сето горенаведено не може да се случи доколку не најдеме нови форми на борба и нови структури внатре во движењето кои можат да се ослободат од бирократијата.
Политичкиот предлог за ова да се случи – постои. Покрај противречностите беше колективно формулиран во рамките на движењето и одигра централна улога. Токму политичкиот предлог од почетокот зборуваше за потребата борбата на студентите и образовните работници да ескалира, продлабочи и обедини.
Овој политички предлог на Антикапиталистичката левица во студентското движење и пошироко, беше одлучно следен од „армијата“ милитанти која влезе во борбата со логика на трајна субверзивна борба, масовни собири и ревитализација на активното учество во движење. Така што онлајн-испитите беа блокирани, ректоратот на Националниот универзитет во Атина се претвори во центар на борба во деновите на донесување на законот, имаше заедничко студентско Координативно генерално собрание, имаше заеднички студентско-работнички маршеви.
Можеби горенаведените акции не беа прифатени од сите политички сили на движењето. Меѓутоа, движењето е „жив“ организам кој отфрла и прифаќа различни линии по фаза и период. Со оглед на новиот и покомплексен циклус што се отвора во образовниот сектор, „битката“ на хегемонијата ќе биде одредена од вистинското мобилизирање.
Во следните недели се планира нова рунда генерални собранија на универзитетските факултети, бидејќи студентското движење нема да го предаде оружјето на борбата само затоа што Владата го изгласа предлог-законот во парламентот.
Борбата продолжува!