Пред 100 години почина Владимир Илич Ленин, водачот на светската револуција, вториот најголем револуционерен мислител по Карл Маркс. Иако придонесот на Ленин кон човештвото и светот е недискутабилен, сепак во денешните услови на агресивен капитализам и империјализам преку културната хегемонија која ја вршат, се цели Ленин да биде занемарен и негиран, дури и непризнаен.
Но, и покрај сите подли обиди, за збришување на значењето на Ленин, тој останува и натаму да ја претставува светската револуција, бескласното општеството, слобадата на народите, на жените и на сите угнетени.
Наследството на Ленин може да го најдеме во алатките на светската револуција: револуционерната партија, програмата на светската револуција, политиките во корист на експлоатираните и угнетените, против војните на буржоазијата, светската партија за светската револуција (Интернационалата)…
Ленин не е минато. Човештвото или нема да може да ја реализира програмата на светската револуција и ќе се предаде на варварството на капитализмот, или пак повторно ќе се обедини околу својот пролетерски интерес.
Поминаа 100 години откако Ленин умре, но идејата е таа што останува да живее и чека своја реализација во соодветните услови.