Пред три години, на 28.02.2023г. во месноста Темпи (Грција) се случи железничка несреќа во која животот го загубија 57 лица, повеќето млади. Иако поминаа три години, случајот се уште не е расветлен, одговорноста на системот не е утврдена, поради што изминатата сабота во повеќе градови низ Грција се одржаа демонстрации, од кои најмасовните во Солун и Атина. Државата заштитувајќи ги капитистите и одговорните за приватизацијата на железничкиот транспорт кои доведоа до оваа трагедија, ги нападна политичките активисти кои ги иницираа и организираа демонстрациите. Во оваа насока го пренесуваме соопштението на организацијата Комунистичко ослободување, чии членови беа меѓу нападнатите и приведените.
На самиот ден на големите штрајкувачки демонстрации по повод тригодишнината од злосторството во Темпи – Грција, државата ги покажа своите намери.

Полицајци од единицата DRASI (мотоциклистичка полиција) физички нападнаа членови на КОМУНИСТИЧКО ОСЛОБОДУВАЊЕ на собирното место пред нивните простории од каде требаше организирано да маршираат до главното место на демонстрациите. Така, првата група полицајци од единицата DRASI ги малтретираа – без провокација – луѓето собрани пред канцелариите, додека втората група се обиде насилно да влезе внатре.
Сепак, членовите на КОМУНИСТИЧКО ОСЛОБОДУВАЊЕ го спречија обидот за насилнички упад и покрај туркањата и ударите што ги добија. Веднаш потоа, на местото на настанот пристигна и МАТ (полициска единица на полицијата за немири). Брзината со која пристигна оваа единица покренува прашања за тоа колку всушност сето ова беше „случајно“. Како резултат на тоа, влезот во просториите на политичката организација беше опкружен и од групите на ДРАСИ кои првично го нападнаа претходниот собир и од единицата на полицијата за немири која пристигна со молскавична брзина. Членовите на КОМУНСТИЧКО ОСЛОБОДУВАЊЕ останаа обединети и непопустливи пред насобраните полициските сили, кои по неколку минути беа принудени да заминат.
Очигледното таргетирање на политичка организација која ги предводи иницијативите во населбите и на работните места, повикувајќи ги работниците и младите масовно да се придружат на демонстрациите – е очигледен политички избор за ескалација и е непријателски настроен во целина кон сите луѓе кои сакаат да протестираат. Нападот врз КОМУНИСТИЧКО ОСЛОБОДУВАЊЕ претставува директно таргетирање на една од организираните и радикални сили на поширокото движење – онаа што не се двоуми директно да ги повика на одговорноста предаторите во Hellenic Train и секоја приватна компанија што го ограбува јавното добро за да го даде на капиталот.
И покрај срамното држење на полицијата, стотици илјади луѓе го преплавија плоштадот Синтагма. Штрајкувачките собири низ Грција кои ја одбележуваат тригодишнината од злосторството во Темпи се масовни. Оние кои се обложуваа дека годишнината од Темпи нема да ги врати луѓето на улиците оваа година, трагично погрешија.

Во Атина, „реки“ луѓе пристигнаа на Синтагма од сите околни улици. Ставот на полицијата потсетува на други епохи. Сликите и извештаите што доаѓаат од различни точки околу Синтагма предизвикуваат гнев кон Владата која не покажува ниту ронка срам. Министерот за внатрешни работи мора веднаш да поднесе оставка откако нареди полициски блокади за запирање и проверка на демонстрантите, вклучувајќи ги и учениците. Понатаму, на секоја улица што води кон Синтагма се поставени контролни полициски групи. Извештаите зборуваат за незаконски притворања на студенти, со лисици на рацете. Полицијата за немири предизвикува немири по околните улици. Ова антидемократско назадување продолжува и има за цел да ги заплаши граѓаните што протестираат.
Рамо до рамо со народот, покрај работничките унии и синдикатите, стојат силите на антикапиталистичката левица, АНТАРСИА и КОМУНИСТИЧКО ОСЛОБОДУВАЊЕ (чии канцеларии беа цел на нападот). Сите тие интервенираат во широкото движење за да го унапредат барањата за јавен, бесплатен превоз под контрола на работниците и народот, како и за соборување на владата на приватизации и репресија.

Како и минатата година, полицијата најде изговор – поради некои помали инциденти што избувнаа пред Собранието – и се обиде да го растури масовниот протест. Обичните луѓе ја исвиркаа и и се потсмеваа на полицијата. Толпа народ се собраа пред Собранието барајќи ослободување на уапсените. Првичните индикации укажуваат дека полицијата реагирала со прекумерна сила и на крајно непропорционален начин спрема ограничени инциденти во кои биле вклучени млади луѓе.
Од однесувањето на полицијата, се чини дека примарната цел била насилно отстранување на организираните блокови од протестот. Меѓу блоковите кои беа нападнати се оние на АНТАРСИА и КОМУНИСТИЧКО ОСЛОБОДУВАЊЕ. Нападот вклучуваше употреба на солзавец и шок-бомби, но полицијата не успеа да ги „разбие“ блоковите. Што се однесува до симболиката на нападот, доволно е да се забележи дека интервенцијата се случи веднаш до канцелариите на Hellenic Train. Тие знаат кого штитат…
За поврзаноста помеѓу трагедиите во Темпи, Нови Сад и Кочани, може да прочитате во заедничкото соопштение помеѓу Комунистико ослободување (Грција), Црвена иницијатива/акција (Србија-Хрватска) и Социјалистичка зора (Македонија.
