Ако се земат предвид бранот штрајкови минатиот месец, како и економската криза која сериозно го влоши животниот стандард на работниците, овој 1 Мај веројатно ќе биде и последниот со тивки улици и работници отидени на излет. Да се одмори од експлоатацијата секогаш е потребно, но во периодот што следува, неопходна ќе биде работничката сплотеност, солидарност и борбеност. Преку такви борби во минатото, се извојувани правата кои денес капиталистите ни ги ронат дел по дел. Доаѓа денот кога паролата „работниците нема што да изгубат, освен своите окови“ ќе стане реалност, поради што ќе бидеме сведоци на генерални штрајкови и црна реакција.
Да бидеме будни и спремни, секој на своето работно место да ја следи работата на синдикатите, секој кој не е синдикално организиран – да се организира со останатите работници.
Организирани и обединети – работниците се непобедливи!