П Р А В И Л Н И К
ЗА ЧЛЕНАРИНА
Член 1
Предмет на уредување
Со овој Правилник се уредува собирањето на финансиските средства за делување на Социјалистичка зора по основ на членарина – како редовен, законски и статутарно предвиден прилив на приходи.
Член 2
Основи за собирање членарина
(1) Членовите на Социјалистичка зора кои имаат редовни месечни приходи од работен однос – задолжително плаќаат членарина.
(2) Останатите членови на Социјалистичка зора – невработени, хонорарно ангажирани лица и студенти – плаќаат членарина врз доброволна основа.
Член 3
Задолжително плаќање на прогресивна членарина
(1) Членовите на Социјалистичка зора плаќаат прогресивна членарина.
(2) Членовите кои имаат месечни нето приходи до износот на просечната плата утврдена за месец јануари во конкретната година – плаќаат 1 отсто (1%) од своите месечни нето приходи.
(3) Членовите кои имаат месечни нето приходи над просечната плата утврдена за месец јануари во конкретната година, плаќаат 1 отсто (1%) од износот на просечната плата, и 2 отсто (2%) од делот на износот на месечниот нето приход што ја надминува просечната плата.
Член 4
Временски интервал на уплата
Членарината може да се плаќа: месечно, квартално или полугодишно – зависно од желбите и можностите на членот.
Член 5
Начин на плаќање
(1) Членарината, по правило, се плаќа на банкарската трансакциска сметка на Социјалистичка зора.
(2) Членовите можат да плаќаат членарина и преку „каса–прими“ кај Застапникот на здружението.
Член 6
Регистар за членарина
(1) Регистарот за членарината го води Колективното претседателство.
(2) Членовите на Социјалистичка зора кои имаат редовни месечни приходи од работен однос должни се на почетокот од секоја календарската година да го известат Застапникот на здружението за износот на своите месечни нето приходи, како и за секоја промена на тој износ.
Член 7
Неплаќање членарина
(1) Редовното намирување на членарината спаѓа во основните статутарни обврски на секој член на Социјалистичка зора.
(2) Нередовното плаќање на членарината, во временски период од над шест месеци, претставува основ за исклучување од членство.
Член 8
Завршни одредби
(1) За сè што не е предвидено со овој Правилник, важат соодветните одредби од Статутот и другите општи акти на Социјалистичка зора.
(2) Овој Правилник влегува во сила со денот на неговото донесување.