НАТО веќе 25 години шири т.н демократија на Блискиот исток. Под претекст на борба против тероризам и диктатури, овој блок всушност создаваше теористички ќелии и организираше државни удари додека бомбардираше и убиваше стотици илјади цивили и недолжни работници во Авганистан, Ирак, Либија, Сирија, Либан и Јемен. 

За сиот овој период, единствена константа на овој империјалистички блок е безрезервната и неограничена поддршка за Израел –  нивна воена база на Блискиот исток која повеќе од 70 години го тероризира регионот. НАТО го покажаа грдото лице – лицето на капиталистичкиот интерес на воената индустрија, вооружувајќи го и поддржувајќи го ционизмот, додека само декларативно се противи на верскиот фундаментализам и фанатизам. 

Геноцидот не е историска лекција, туку е крвава реалност во Газа што нѐ засега сите нас. Со своето недејствување, НАТО и ЕУ секојдневно го одобруваат геноцидот. Две години после агресијата и после 60 илјади мртви деца, само неколку ЕУ членки неодамна ја прекинаа трговијата со оружје со Израел или пак само симболично ја признаа Палестина. Ова само докажува колку профитирањето од војна е поважно од човечките животи во ерата на тоталитарниот капитализам.

Оние кои борбата на палестинскиот народ ја ставаат под сенка на Хамас – се истите оние кои го содадоа Хамас и му го пополочија патот да ги елиминира сите прогресивни и револуционерни сили во Палестина. Сепак, борбата на палестинскиот народ е исторска борба која датира децении пред формирањето на Хамас. Никој не смее да ја извалка оваа чесна борба со која се поистоветија милиони прогресивни луѓе низ светот, кои како и во минатото, така и денес, пружаат солидарност со палестинскиот народ, протестирајќи на сите континенти против окупацијата.  

Од неодамна се случува придвижување во насока на намалување на инволвираноста на државите и нивните трговски и дипломатски релации со Израел. Сето тоа е постигнато преку мобилизација на народите ширум светот кои своето несогласување го изразуваат преку протести и различни акции, принудувајќи ги нивните влади да излезат од зоната на т.н неутралност која во стварноста веќе не постои. 

Сепак, не треба да очекуваме од буржујските влади своеволно и самоиницијативно да преземат било што во одбрана на народот во Палестина. Затоа даваме сесрдна поддршка на Глобална Хуманитарна Флотила Сумуд, чија цел е кршење на нелегалната опсада на Газа и доставување на хуманитарната помош. Веруваме дека Газа и Палестина можат да бидат спасени преку интернационална интервенција на активисти од целиот свет.

Ширум светот,  се повеќе се истакнува улогата на револуционерните синдикати кои успеаја преку штрајкови и блокади да го сопрат дотурот на оружје до убијците. Очигледна е реалната промена која ја направија самите пристанишни работници, но и  прогресивните сили предводени од синдикатите, промена која не може да се издејствува само со граѓански, ненасилни протести на неорганизирани работници. 

Веруваме во силата на светските народи и работничката класа, која борбата за спас на Палестина ја прегрнаа како своја борба за опстанок. Затоа народот во Македонија мора да зборува, да се организира и да дејствува. Одбиваме да бидеме неми сведоци на геноцидот.

Од Скопје до Газа, ќе има интифада! Протестот во Скопје ќе се одржи на 04.10.2025 во сабота, со почеток од 12 часот пред споменикот „Симфонија на мирот“, посветен на холокаустот од Втората светска војна кој се наоѓа спроти гимназијата „Јосип Броз Тито“. Протестот ќе заврши пред Влада.