Мохамед Хатиб, eвропскиот координатор на мрежата за политички затвореници во Израел „Самидун“ – беше ослободен од полициската станица во Хераклион на Крит. Кон ваквиот развој на настаните придонесе бранот на солидарност и упорност во повиците за негово ослободовување од страна на грчките другари комунисти. 

Судот во Хераклион одлучи да го укине притворот под услов Мохамед доброволно да се врати во Белгија каде неговиот статус на политички бегалец е легално признаен. Сепак, уште еднаш се докажа дека грчките полициски власти делуваат строго по владини наредби, со пречекорување на овластувањата, со арбитрерно постапување, произволно апсење, со демонстрирање моќ за заплашување на политичките активисти кои ја вознемируваат државата-убиец Израел.

Ова е пораката испратена од Мохамед Хатиб кратко пред неговото ослободување:

Им благодарам на сите за солидарноста. Ме ставија во притвор не поради мене, туку поради палестинскиот народ. Но, ова низ кое што проаѓам јас сега, не може да се спореди со тоа низ кое проаѓа палестинскиот народ. Тука не сум сам – има луѓе од Судан, Авганистан, Пакистан, Сирија и Египет. Некои од нив ги држат повеќе од три месеци, додека инсектите живи ги јадат. 

Ова е психолошка и физичка тортура, и е намерна. Ова е системско угнетување и мачење против луѓе кои се соочуваат со колонијализам, империјализам, расизам и исламофобија. За жал, Грција е користена како алатка за угнетување, во служба на колонијални интереси. 

Ги повикувам сите да застанат во солидарност со оние кои се угнетувани во притвор, како и сите оние кои се наоѓаат во затворите низ Грција. Исто како што Палестина мора да биде слободна, така мора да бидат слободни и сите угнетени луѓе, бегалци и мигранти. Нагласувам дека мојот притвор е желба на ционизмот. 

Слобода за Палестина! Слобода за сите политички затвореници секаде!“