Народите и работниците ширум светот со свои очи на дело го видоа голиот империјализам, без вообичаената демократска маска на „заштитник на човековите права“. Милијарди луѓе со пристап до интернет беа сведоци на  киднапирање на претседател и негова сопруга на суверена држава, неслучајно најбогата со нафта, и уште помалку случајно – социјалистичка. 

Предводникот на американскиот империјализам, Доналд Трамп, веќе половина година ѝ се заканува на Венецуела, но и на други држави од Латинска Америка, користејќи го шверцот на дрога како изговор. Овие закани се реализираа преку нападите на американските поморски сили против пловечки објекти во меѓународни води. Пред неколку дена, објект лоциран на брегот на Венецуела беше бомбардиран – поради наводно користење на истиот објект за шверц на дрога, а исто така, неодамна беа киднапирани два венецуелски танкери со нафта. Сето ова е проследено со санкции против Венецуела кои што ги имаат влошено условите за живот на населението и имаат предизвикано смрт на десетици илјади луѓе. Со повеќекратното бомбардирање на Каракас, дури и ако империјалистичката агресија сеуште нема земено облик на отворена војна, Венецуела сега се тресе од каскада на ЦИА тајни операции кои наликуваат на војна.

Како Социјалистичка Зора, стоиме со Венецуела против лицето на империјалистичката агресија на САД! Кристално јасно е дека империјалистичкиот напад на Венецуела нема ништо со борбата против шверцот и нарко картелите. Да беше тоа случај, мета на САД би била, на пример, Мексико. Вистинската цел е контролата на нафтата на Венецуела, која ги поседува најголемите нафтени резерви во светот. 

Oткако Хуго Чавез, претходникот на Мадуро, дојде на власт во 1999 година и ги национализираше нафтените компании, откако Венецуела ги напушти про-американските политики и воспостави модел познат како боливарски социјализам и независна политика во надворешните односи, империјалистите во САД насобираа гнев, поради загубата на контролата. Фиксирани на венецуелската нафта, САД сега се обидува да ја постави на власт про-империјалистичката неолиберална опозиционерка Мариа Корина Мачадо – на која што срамно  и’ беше доделена Нобеловата награда за мир пред само неколку месеци. Трамп, кој ја даде наредбата за нападот, отворено има зборувано за инвазија на Венецуела уште во 2017 година. 

Позади обидот на Трамп да го урне режимот на Венецуела, има уште една скриена намера која е многу поважна од социјалистичка гледна точка. Куба проаѓа низ големи економски потешкотии. Пролонгираните прекини на струја во Куба предизвикуваат социјални немири и нагласени тензии. Власта на Венецуела и покрај тоа што е во конфликт со империјализмот – ја снабдува Куба со ефтина нафта. Доколку венецуелската влада е соборена, цената на увозната нафта ќе се покачи значително, што дополнително ќе ја отежни ситуацијата на Куба. Администрацијата на Трамп цели на ова, и планира да ја искористи новонастанатата ситуација за да ја собори една од најинспиративните и последни работнички држави. Потврда за ова е јавно упатената порака на државниот секретар на САД, Марко Рубио: „ако би бил на местото на власта во Хавана – не би спиел мирно“. 

Земајќи ја предвид вазалската поставеност и лојалност на македонската држава кон НАТО и САД, особено:

  • гласањето „воздржано“ во Собранието на ООН по Резолуцијата за обврските на Израел да обезбеди основни услови за палестинските цивили и хуманитарна помош,
  • гласањето во Собранието на ООН против укинувањето на ембаргото за Куба, и
  • сегашната позицијата со која целосно се оправдува интервенцијата на САД и нивното повеќе месечно кршење на меѓународното право во случајот на Венецуела,

јасно е дека власта во Македонија во целост застанува на страната на империјалниот  господар, притоа користејќи провидни изговори зад кои се крие нивната целосна поданичка политика.

Сепак, интересите на работничката класа лежат во прекинување на сите врски со империјализмот, кој што го влече светот кон трета светска војна. Интересите на работничката класа се во напуштање на НАТО, затворање на империјалистичките воени бази, а дури и борба за здробување на самиот НАТО пакт! 

Социјалистичка Зора ги повикува сите социјалисти и комунисти во земјата и низ светот да застанат до Венецуела и да го поддржат венецуелскиот народ во борбата против империјалистичките напади од САД. 

Долу империјализмот на САД!
Излез од НАТО, здробување на НАТО!