Ескалацијата на воениот конфликт на Блискиот исток, е резултат на убиствено-агресивната политика на Израел

Борба за запирање на секакво вмешување на Грција во војната!

Опасната ескалација на воениот конфликт на Блискиот исток, со воздушниот напад на Иран врз Израел, израелското бомбардирање на Либан и заканите на ционистичката држава за одговор против Техеран, е резултат на убиствено-агресивната политика на Израел. Која што во последните шест месеци ги убива Палестинците во Газа и на Западниот Брег, ги напаѓа и бомбардира соседните земји, крева во воздух амбасади и болници, убива хуманитарни мисии со значителна поддршка на САД и ЕУ.

Чекорите за генерализација на војната во овој регион, кога крварат фронтовите во Украина и другите региони, е показател на тоа, колку всушност по народите се опасни плановите на САД/НАТО и ЕУ. Причината за тоа е контрола на енергетските и економски ресурси и патишта, за да доминираат над конкурентите на Западниот капитализам (Кина, Русија, Иран итн.).

Капитализмот во нашето време станува директно воинствен, убиствен против народите, со тоа што Европската унија станува воена економија и Унија на војна и репресија, работниците и младите се осудени на сиромаштија, национализам и шовинизам, станувајќи топовско месо на капиталот.

Грчката буржоазија и владата на Нова демократија, со согласност на сите буржоаски партии, застанаа на страната на Израел и САД-ЕУ, за да обезбедат плен од делбата. Нивните обврски се сериозни. Испраќањето на фрегата и преземањето на командата на воената операција на ЕУ „Aspides“ во Црвеното Море, активирањето на базите на САД во Грција за поддршка на Израел (како и британските бази на Кипар), обуката на пилоти на израелските воздухопловни сили во Грција, трансформацијата на целата земја во агресивен морски мостобран на САД и НАТО, масовната испорака на оружје и муниција во Украина, вооружувањето на сметка на потребите на народот, се некои од аспектите на вмешаноста на грчката држава во воени операции. Денес е императив да се интензивира борбата за запирање на секакво вклучување на Грција во војната.

Сите воени сили надвор од границите мора да се вратат веднаш, почнувајќи од фрегатата од Црвеното Море. Повлекување од операцијата „Aspides“.

Стоп за снабдувањето на Украина со оружје.

Затворање ги американските бази во Грција. Грција надвор од НАТО и ЕУ.

Итен прекин на огнот во Газа, слобода за Палестина.

НЕ за програмите за вооружување. Средствата за потребите на луѓето.

 

– Став на НАР (Грција)